Сценарио за покани за учество

This page is a translated version of the page Sample Invitation Script and the translation is 92% complete.
Other languages:
English • ‎polski • ‎română • ‎shqip • ‎srpski (latinica)‎ • ‎čeština • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎ქართული

Download here this page as pdf file

Сценарио за покани за учество – Евангелистички домашен настан со употреба на филмски клипови

Ова е пример за сценарио кое можеш да го употребиш за разговор со потенцијалниот домаќин на евангелскиот домашен настан со употреба на филмски клипови. Едно од барањата да се биде домаќин на настанот е домаќинот да поседува рамен екран на телевизорот што прифаќа мала СД картица или има УСБ приклучок со клипови од кратки филмови. Во вашиот реон, можеби ќе имаш можност да позајмиш видео проектор за вечерта на твојот домашен настан, ако домаќинот нема соодветен телевизор.

По почетното поздравување, можеби ќе кажеш...

Се наоѓам на час за обука за да научам повеќе за Исус. Ние исто така учиме како можеме да им помогнеме на другите кои сакаат да научат повеќе за Исус.

Организираме неколку домашни настани каде што луѓето се собираат по дома. Ќе гледаме 3 или 4 кратки видеа, секој во должина од 3-5 минути и ќе дискутираме за нивното значење.

Дали може да ви покажам два примери?

[Покажи2 примери на видеа на вашиот мобилен телефон, еден краток филм и еден клип од филмот ИСУС.]

Бараме луѓе кои ќе ги отворат своите домови како домаќини. Не треба да правите ништо освен да поканите некого од вашето семејство и пријатели. Јас исто така ќе поканам некои луѓе.

Дали би биле заинтересирани да бидете домаќини на еден ваков настан?

Дали имате телевизор што прифаќа СД картици или има УСБ приклучок? Дали може да проверам и да видат дали ќе ги прифати? Ќе треба да знаеме да ги пуштаме видео фајловите.