Водење на мисиски настан
Download here this page as pdf file
Водење на мисиски настан
Овој документ обезбедува преглед на мисискиот настан.
Цел
Целта на мисискиот настан е да обезбеди фокус и динамика. Настанот се фокусира на целта од активностите на МЦ2. Активностите на молитва-грижа-споделување и идентификацијата на личностите на мирот, покажува дека овој домашен настан е мисиско достигнување. Мисискиот настан е кулминација на работата врз целната област и обезбедува динамика во започнувањето на групите.
Исход
Посакуваниот исход е да бидеш спонзор на мисискиот настан. Ако е можно, настанот може да се одржи во домот на личноста на мирот од страна на твојата релациона мрежа или заедница. Присутните можат да бидат поканети од страна на двете мрежи и од мрежата на домаќинот. Поканетите можат да бидат луѓе кои си ги сретнал преку активностите на молитва-грижа-споделување.
Посакуваниот исход од настанот се нови следбеници на Исус кои ќе се придружат на Основното библиско поучување, една седмица по мисискиот настан. Ова ќе формира нова група, или дури и втора група на учесници, доколку веќе си ја формирал иницијалната група.
Процес
Мисискиот настан трае околу 1 to 1½ час. Бидејќи се одржува во домашни услови, разумен број на гости е од 10-15 луѓе.
Предложена програма
- Поздравување и добредојде на гостите
- Вовед и благодарност за домаќинот
- Објаснување на процесот со гледање на краток филм и дискусија
- Прво прикажување на краткиот филм
- Дискусија:што најмногу ти се допадна? Зошто?
- Ако се употребува вториот клип, прикажи го филмот и води дискусија
- Дискусија:што намногу ти се допадна? Зошто?
- Споделување на мојата приказна
- Прикажи го првин клипот за филмот Исус
- Дискутирај:што најмногу ти се допадна? Зошто?
- Ако го користиш вториот клип, прикажи го клипот и води дискусија.
- Дискусија:што намногу ти се допадна? Зошто?
- Сподели го одблиску евангелието и понуди можност за молитва и прифаќање на Христос
- Опција 1: Со употреба на брошурата Четирите духовни закони, објасни ги 2 круга и поведи во молитва.
- Опција 2: Покажи го одблиску евангелистичкиот клип од филмот ИСУС.
- Подели ги и собери ги картичките со коментари
- Доколку е во ред, покани го секој на првото Основното библиско поучување.
- Испланирај во следните 2 дена да се сретнеш со секого кој покажал духовен интерес.
- Повтори ги Четирите духовни закони, особено од круговите до крај.
- Помогни им да започнат со мрежен список и да го споделат евангелието со нивните пријатели.
- Покани ги на првата групна средба за Основното библиско поучување.
Предложени улоги
- Конферансије и помагач во дискусијата
- Мој презентер за приказната
- Евангелска презентација и заклучок
Пример за картички за коментари
Што најмногу ти се допадна?
Зошто?
Заинтересиран сум:
Име:
Телефон:
имеил: