MC2 01FN Како Бог работи во денешно време?

From mc2
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page MC2 01FN How is God at Work Today and the translation is 98% complete.
Other languages:
English • ‎hrvatski • ‎polski • ‎română • ‎shqip • ‎srpski (latinica)‎ • ‎čeština • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎ქართული

Download here this page as pdf file

Во оваа сесија ќе бидете инспирирани со тоа што ќе видите дека Бог сеуште го употребува библискиот модел за умножување на учениците и црквите за да започне движења кои менуваат животи, семејства и цели заедници за Христос. Исто така ќе бидете предизвикани да Му верувате на Бог дека ќе ве употреби и вас за започнување на слични движења во рамките и на вашата мрежа, град и држава. [Јован 17:18-20]


1 Поглед наназад (20-30 минути)

First third.jpg
ЗАБЕЛЕШКА: За потребите на оваа сесија поделете ги луѓето во групи од по 4-6 луѓе.

Вовед

  • Поминете време во поклонение пред Бог и посветете Му го овој состанок.
  • Поздравете ги учесниците – изразувајќи благодарност што се тука и споделете ја визијата за крајните резултати од обуката.
    • На пример: Умножувањето отсекогаш било желба во Божјото срце. Во Матеј 28:18-20, Исус всушност им заповеда на учениците да создаваат ученици кои понатаму ќе создаваат други ученици! Луѓе кои ќе одат и ќе создаваат уште следбеници кои ќе ја почитуваат Неговата заповед да создаваат уште повеќе ученици. Во текот на следните неколку недели , заеднички ќе бидеме на ова патување и возбудени сме поради тоа што Бог ќе го направи преку секој еден од вас.
  • Дајте му можност на секого од присутните да се претстави себеси пред другите од групата, кажувајќи зошто дошол на обуката.

Улоги во Групата и Очекувања

  • Објаснете како ќе се одвива дискусијата во малите групи
    • Ќе се назначи посредник кој ќе помага во водењето на дискусијата
    • Од секој член се очекува да учествува во секоја дискусија
  • Назначете посредници за секоја група

Ајде да започнеме со првата групна дискусија. Во секоја сесија ќе одделиме извесно време за меѓусебна молитва и грижа.


Молитва и грижа

  • Прочитајте го Филипјани 4:8, а потоа во секоја од групоте разговарајте за тоа за што сте благодарни во текот на оваа недела.
  • Секоја личност нека сподели за тоа како е оваа недела и која е неговата молитвена потреба а потоа нека се молат еден за друг.

[ЗАБЕЛЕШКА: Ако некој има потреба од додатна помош, одредете време после средбата за да му помогнете.]

Претставување на Визијата

Претставете ја визијата за тоа кои тие можат да станат во Христос или што Бог може да направи преку нив.

На пример: Во книгата Дела Апостолски се наоѓа записот како Божјиот Дух им дал сила на раните следбеници на Исус за да се умножуваат! Тие биле употребени за распространување на Божјото Царство преку умножување на учениците и црквите. Како и да е, приказната нагло е прекината во 28-то поглавје од Дела, и изгледа како да не е довршена. Всушност, Бог продолжува да ги пишува Делата на Светиот Дух употребувајќи ги Неговите луѓе, и Тој копнее и тебе да те употреби за да додаде уште едно поглавје во приказната за умножувањето.

Премин:

Пред да започнеме, сакам да ви изложам што можете да очекувате. Која е разликата помеѓу поучувањето и обуката?

  • Во поучувањето се работи за пренос на информации.
  • Во обуката се работи за развивање на вештини преку процес на повторување.

Така, вам ќе ви бидат дадени можности секоја недела да ги практикувате вештините кои ќе ги учите.Оваа обука ќе ве оспособи да:

  • Се поврзете со вашата мрежа од семејство, пријатели и соработници;
  • Се молите со нив; изразите грижа и сочувство како што правеше Исус и да ја споделите вашата приказна и евангелието.
  • Вие исто така ќе го почувствувате Божјото срце за изгубените, Неговата голема заповед и големата повелба – за целиот свет, да одите и создавате ученици и да ги учите да живеат животи со смисла и цел преку послушност кон сè што поучуваше Тој.
  • Вие никогаш нема да бидете сами. Ќе работиме заедно, како група и во парови.
  • Ќе научиме како да им служиме на луѓето индивидуално и во групи. Вие дури ќе организирате и евангелизаторски настан во домовите каде ќе Му веруваме на Бог дека ќе доведе многу луѓе до спознанието за Него.

Нашата прва сесија е “Што Бог прави во денешно време?” Во следните неколку минути би сакале да ви покажеме:

  • Како би требало да изгледа една мисиски фокусирана црква.
  • Пример за тоа што Бог го прави во денешно време.
  • Преглед на тоа како ќе изгледа нашето заедничко патување.


2 Поглед нагоре (60 минути)

Second third.jpg
[ЗАБЕЛЕШКА: На сите учесници поделете им ги соодветните белешки.]

Активност #1 Биди мисиски ориентиран

  • Изгледајте го видеото Ова е Создавање на Ученици. (Прикажете го 2-3 пати.)[1]
  • Секоја група нека одговори на следниве прашања и споделете меѓу себе :
    • Што најмногу ви се допадна? Зошто?
    • Кои се некои од можните примени за нас од ова видео?
  • Објаснете како да се напише една јасна “Јас ќе до тогаш” изјава употребувајќи ја формата: ”Јас ќе______ до ______.”
  • Овозможете доволно време за секој учесник да напише една можна примена

Активност #2 Четири Генерации

Прикажете го предложеното видео Камбоџа или изберете некој друг материјал кој го прикажува умножувањето на мисиски ориентирани заедништва и цркви. [2]

  • Секоја група нека одговори на следните прашања и нека споделат меѓу себе:
    • Што најмногу ви се допадна? Зошто?
  • Овозможете доволно време за секој ученик да напише една можна примена

Резиме:

Прочитајте го Јован 17:18-20

“18Како што Ти Ме испрати Мене во светот, така и Јас ги испратив нив во светот; 19И заради нив се посветувам Себеси, за и тие да бидат осветени во вистината. 20Но не се молам само за нив, туку и за оние, кои преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене. “

Исус Му се моли на Таткото. Во молитвата, Исус идентификува четири генерации. Првата генерација е Таткото Кој Го испрати Исус. Втората генерација е Исус, Кој го пренесе понатаму она што го примил и ја испрати третата генерација, учениците. Но, бидејќи исус очекуваше она што Тој го покажа како модел да биде повторувано, Тој исто така се моли за четвртата генерација, за оние кои ќе поверуваат во Него преку учениците. Исус со нетрпение ја очекувал четвртата генерација како начин за сигурно да се создаде движење на ученици кои ќе создаваат нови ученици.

Таткото – Исус – Учениците – Ние

Активност #3 Преглед на Процесот за Обучување MC2

  • Употребете ја Power Point презентацијата за да го покажете процесот Основање, Умножување, Развивање.


3 Поглед нанапред (20-30 минути)

Third third.jpg

Подготовка за Мисијата

  • Изгледајте го видеото: Партнери Еден со Друг [3]
  • Секоја група нека одговори на следните прашања и нека споделат меѓу себе:
    • Што најмногу ви се допадна? Зошто?
  • Изберете еден-со-друг партнери кои ќе си бидат меѓусебно одговорни и нека си одредат време во текот на неделата кога ќе се сретнат.

Одење во Мисија

  • Секој нека напише нова “Јас ќе до тогаш” изјава или нека избере една од активностите и нека ја сподели во својата мала група.

Молитва за Мисијата

Посветете ги целите на сите кои се вклучени на Господа. Замолете го Господ да ни помогне да бидеме верни и да нè употреби за да започнеме движење на создавачи на ученици.