MC2 05FN Стратегија BLESS (Благослов)

From mc2
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page MC2 05FN B.L.E.S.S. strategy and the translation is 98% complete.
Other languages:
English • ‎hrvatski • ‎polski • ‎română • ‎shqip • ‎srpski (latinica)‎ • ‎čeština • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎ქართული

Download here this page as pdf file

Во оваа сесија ќе научите како да ја покажете својата грижа за луѓето од вашата мрежа на врски за да им помогнете да ги видат опипливите изрази на Христовата љубов што ќе ви создаде отворени врати за следните разговори. (Матеј 9:35-38)

Поглед наназад (20-30 мин)

First third.jpg
ЗАБЕЛЕШКА: Распоредете ги луѓето во групи од 4-6. Поделете им ги материјалите на учесниците.

Молитва и Грижа
  • Секоја група нека дискутира за нештата за кои се благодарни оваа недела.
  • Have each group discuss what they are thankful for this week.
  • Секоја личност нека сподели како се одвиваат работите во нејзиниот живот и нека сподели 1-2 молитвени потреби во својата група, а потоа нека се молат едни за други.

[ЗАБЕЛЕШКА: Ако некому му е потребна додатна помош, одредете време после состанокот за да помогнете.]

Прославете ја Верноста

  • Поттикнете ја послушноста кон Исус, но поради одговорност полна со љубов.
  • Назначете водачи на малите групи кои ќе им помогнат на членовите во споделувањето за тоа што се случувало додека Му верувале на Бог за нивните цели и „Јас ќе до тогаш“ изјави.
  • Прашајте дали некој сака да го сподели своето сведоштво пред целата група.

Претставување на Визијата

Претставете ја визијата за тоа кои можат да станат во Христос или што Бог може да направи преку нив.

    • На пример:

Што чувствува Бог за изгубените луѓе? 1 Тимотеј 2:1-4 ни кажува дека Бог сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до спознание на вистината. Исус ги повика своите ученици да го следат и им кажа дека ќе ги направи ловци на луѓе. Во текот на претходните две недели, вие почнавте да им помагате на луѓето да ја осознаваат вистината за Исус. Започнавте да ловите луѓе.

'Го споделивте Чудесното Прашање и се молевте со луѓето. Разговарате со вашата оикос мрежа за Исус. Уште еден начин на кој можете да се поврзете со луѓето е преку искажување на грижа за нив. Тие ќе ја чувствуваат вашата грижа за нив кога ќе ги третирате како посебни луѓе сфаќајќи дека секој од нив е различен од другите, има поразлични потреби и различно минато зад себе. За да ви помогнеме да го направите тоа, ќе ви ја претставиме стратегијата B.L.E.S.S. (БЛАГОСЛОВ) (во Активност #2) '

Поглед нагоре (45 мин)

Second third.jpg

Активност #1 Матеј 9:35-38

  • Изберете водачи на малите групи кои ќе ги водат дискусиите во рамките на групата.
  • Прочитајте го Матеј 9:35-38.
  • Малите групи нека дискутираат за одговорите на нивните учесници на прашањата ...
    • Што најмногу ви се допадна? Зошто?
  • Направете резиме на дискусијата нагласувајќи го ставот на Исус. Може да прашате
    • Што научуваме за ставот на Исус?

Активност #2 Дискусија за стратегијата B.L.E.S.S.

  • Објаснете ја стратегијата B.L.E.S.S. која е отпечатена на белешките кои ги имаат учесниците.
  • Поттикнете ги учесниците да дискутираат и споделуваат за практични начини за тоа како секој еден од нив може да ги изведе подточките од стратегијата (B.L.E.S.S.)
  • Потсетете ги да фаќаат белешки кои подоцна ќе им бидат од голема помош.
  • Кажете им дека за споделувањето на Евангелието повеќе ќе зборуваме во Сесија 6.

Преод

Денес ќе размислуваме за тоа како можеме да ја искажеме нашата грижа кон луѓето околу нас. Во тоа ќе ни помогне стратегијата B.L.E.S.S. (БЛАГОСЛОВ)

Последното S. е за споделувањето на вашата приказна. Добар пример за тоа наоѓеме во книгата Дела Апостолски кога Павле ја споделува својата приказна (на пример Дела 22). Денес исто така ќе ја подготвиме и нашата сопствена кратка приказна која ќе треба да трае само околу 1 минута и треба да биде кратка и јасна, а нам треба да ни биде лесна за употреба за да можеме често да ја користиме додека ги БЛАГОСЛОВуваме другите.

Поглед нанапред (45 мин)

Third third.jpg

Подготовка за Мисијата

Сега ќе вежбаме како да ја раскажете и напишете вашата приказна за тоа како сте го запознале Исус.

  • Вежбање и повратен одговор
    • Учесниците нека се поделат во парови и нека си ги раскажуваат своите приказни еден на друг. [Има водич на задната страна од белешките на учесниците.]
    • Оној кој не раскажува, додека го слуша партнерот нека фаќа белешки за главните точки на кажаното и потоа нека даде повратен одговор за тоа што го чул.
    • После 5 минути, учесниците нека си ги сменат улогите.
  • Пишување на едноставна приказна
    • Дајте им на учесниците 10 минути за да го напишат тој еден збор кој ги опишува нивните животи во секој од трите делови. [Има водич на задната страна од белешките на учесниците].
    • Преод од вашиот разговор кон приказната. На пример: „Мојот живот не бил отсекогаш оваков ...“
    • Каков бил вашиот живот пред да поверувате во Христос?
    • Како го запознавте Христос?
    • Каков е вашиот живот откако го примивте Христос?
  • Потоа нека напишат по 2-3 реченици со кои подетално ќе го опишат секој дел.
  • Вежбање и повратен одговор
    • Учесниците нека најдат нов партнер и повторно нека ја раскажат својата приказна. Користете штоперка за секому да му дозволите само по 2 минути за споделување.
    • Секој од нив треба обавезно да му дава повратен одговор на својот партнер за тоа што го чул.
    • Учесниците повторно нека си најдат нови партнери и по трет пат нека го повторат процесот. Користете штоперка за секому да му дозволите само по 2 минути за споделување.
    • Секој од нив треба обавезно да му дава повратен одговор на својот партнер за тоа што го чул.

Одење во Мисија

  • B.L.E.S.S. 3 луѓе кои сте ги избрале од вашата оикос мрежа.
    • Од Активност #2, употребете ја вашата лична мапа на мрежни врски за да одредите 3 луѓе и специфичните начини на кои ќе Слушате, Јадете и Служите оваа недела.
  • Напишете „Јас ќе _____ до ____“ изјави и споделете ги со вашата мала група.
  • Одредете време и сретнете се со вашиот еден- со-друг партнер.

Молитва за Мисијата

Посветете ги целите на сите кои се вклучени на Господа. Замолете го Господ да ни помогне да бидеме верни и да нè употреби да започнеме движење на создавачи на ученици.

За Понатамошно Проучување

Прочитајте ги Советите за пишување и споделување на вашата лична приказна