MC2 07FN Основи за новите верници

From mc2
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page MC2 07FN Foundations for New Believers and 7 Stories of Hope and the translation is 100% complete.
Other languages:
English • ‎hrvatski • ‎polski • ‎română • ‎shqip • ‎srpski (latinica)‎ • ‎čeština • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎ქართული

Download here this page as pdf file

Во оваа сесија, ќе го доживеете искуството во кое ќе им помагате на новите верници да започнат да Го следат Христос и ќе ловите луѓе. (Дела 2:42-47; Јован 10:22-30; Галатјани 5:16-25; Лука 15:11-24)


Поглед наназад (20-30 мин)

First third.jpg


[ЗАБЕЛЕШКА: Распоредете ги луѓето во групи од 4-6. Поделете им ги материјалите на учесниците.]

Молитва и Грижа

  • Секоја група нека дискутира за нештата за кои се благодарни оваа недела.
  • Секоја личност нека сподели како се одвиваат работите во нејзиниот живот и нека сподели 1-2 молитвени потреби во својата група, а потоа нека се молат едни за други.

[ЗАБЕЛЕШКА: Ако некому му е потребна додатна помош, одредете време после состанокот за да помогнете.]

Прославете ја Верноста

  • Поттикнете ја послушноста кон Исус, но поради одговорност полна со љубов.
  • Назначете водачи на малите групи кои ќе им помогнат на членовите во споделувањето за тоа што се случувало додека Му верувале на Бог за нивните цели и „Јас ќе до тогаш“ изјави.


  • Прашајте дали некој сака да го сподели своето сведоштво пред целата група.

Претставување на Визијата

Претставете ја визијата за тоа кои можат да станат во Христос или што Бог може да направи преку нив.

    • На пример:

Вие Го следите Христос. Вие сте ловци на луѓе! Помагањето на другите да пораснат е критичен дел од Големата Заповед. А ние сме соработници на Бог во ова дело. Како што Павле им напиша на коринтјаните: „Јас насадив, Аполос навади, но Бог направи да расне. И така, ниту тој што сади, ни тој што вади е нешто, туку само Бог кој прави да расне.“ И додека верно го споделуваме Божјото слово, можеме да пребиваме во Неговата почивка знаејќи дека тоа не зависи од нас, туку Бог е тој кој што прави да расте.


Поглед нагоре (60 мин)

Second third.jpg

Активност #1 Демонстрација на Основното Библиско проучување #1

  • Поделете ги примероците на Основно Библиско проучување #1 (Сигурност во спасението, Јован 10:22-30) на учесниците кои ќе ја набљудуваат демонстрацијата.
  • После демонстрацијата, малите групи нека дискутираат за одговорите на учесниците на прашањата ...

Што најмногу ви се допадна? Зошто?

  • Вие, обучувачот, покажувате како се води првото Библиско проучување.

Резиме

Со оглед на тоа дека започнуваме да ги обучуваме новите верници, ќе го користиме истиот 3/3 формат кој и досега го користевме бидејќи тоа е најдобрата практика која ни овозможува да ги видиме резултатите на MC2 обуката: умножување, генерации и карактеристики од Дела 2.

Помагањето на новите верници да разберат како да бидат сигурни дека се Божји деца е една од основните работи за нивниот нов живот во Христос. Нивната вечна дестинација е сигурна затоа што се заштитени во дланките на Таткото и Синот. Ништо не може да ги отстрани од сигурноста на нивната нова врска.

Активност #2 Демонстрација на Основното Библиско проучување #2

  • Изберете 4-5 учесници кои ќе земат учество во демонстрацијата.
  • Изберете еден учесник кој ќе ја води втората демонстрација користејќи го Основното Библиско проучување #2 (Врска и Заедништво, Лука 15:11-24)
  • Кажете им дека ќе имаат можност да ја вежбаат лекција #3 и замолете ги да фаќаат белешки за следното: водење на библиска дискусија и 4-те „ЦРВЕНИ“ делови.
  • Вие, обучувачот, демонстрирајте како се води низ делот Поглед нагоре од поучувањето.
  • После демонстрацијата, малите групи нека дискутираат за одговорите на учесниците на прашањата ...

Што најмногу ви се допадна? Зошто?

Резиме

Водењето на дискусија за Божјото Слово му овозможува на Духот да ги поучува новите верници додека заеднички ги откриваат новите вистини. Тоа се состои од следното: контекст на пасажот, слушање на Божјото Слово, откривање на прашањата за дискусијата, повторно раскажување на приказната и резимирање со кое се нагласуваат важните вистини кои треба да се запаметат.

Сфаќањето на тоа како гревот влијае врз нашиот однос со Таткото е клучно за животот во Христос на новиот верник. Важно е да се сфати дека иако гревот влијае врз нашето заедништво со Господ, нашиот небесен Татко сака да им прости на своите деца.

Поглед нанапред (45 мин)

Third third.jpg

Подготовка за Мисијата

  • Понекогаш луѓето веќе го слушнале Евангелието и не го примиле, но сакаат да се сретнат со вас за подобро да го разберат, па 7 Приказни за Надежта им помагаат да се одлучат да го следат Исус. Вежбајте ја првата од 7-те Приказни за Надежта (Надеж за отфрлените: Грешницата – Лука 7:36-50)
  • После вежбањето, групите накратко нека го искажат своето искуство преку одговарање на прашањата ...

Што најмногу ви се допадна? Зошто?

  • Секоја личност треба да ги сподели своите одговори во рамките на својата мала група.
  • Обавезно објаснете како можат да добијат копија од сите Основни Библиски проучувања и 7-те Приказни за Надежта.

Одење во Мисија

  • Секој учесник повторно нека си ја прегледа својата Мрежна Листа и нека ги додаде во неа новите луѓе кои ги запознал.
  • Потсетете ги да означат некои луѓе со кои го споделиле Чудесното Прашање а кои покажувале особини на Личноста на Мирот.


  • Одредете 5 луѓе од вашата Мрежна Листа со кои ќе зборувате оваа недела.
    • Споделете го евангелието со најмалку 3 од овие луѓе.
    • Со останатите 2 луѓе, продолжете да вежбате една од вештините објаснета во претходните лекции.
    • Ако некои веќе поверувале во Христос, сретнете се со нив за да го започнете Основното Библиско проучување #1.
    • Ако некои не поверувале во Христос, сретнете се со нив за да почнете со 7-те Приказни за Надежта.
  • Напишете „Јас ќе до тогаш“ изјави и кажете им ги на луѓето од вашата мала група.
  • Одредете време и сретнете се со вашиот еден-со-друг партнер . Можеби ќе сакате заедно да одите и да се сретнете со некои нови верници и да го започнете Основното Библиско Проучување. Заеднички оценете го времето поминато во проучувањето.

Молитва за Мисијата

Посветете ги целите на сите кои се вклучени на Господа. Замолете го Господ да ни помогне да бидеме верни и да нè употреби за да започнеме движење на создавачи на ученици.

За Понатамошно Проучување

Прочитајте го Пренослив Концепт #1: Како можете да бидете сигурен дека сте Христијанин.