MC2 08FN Споделување на Евангелието во Групи

From mc2
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page MC2 08FN PCS-Sharing the Gospel in Groups and the translation is 98% complete.
Outdated translations are marked like this.
Other languages:
English • ‎hrvatski • ‎polski • ‎română • ‎shqip • ‎srpski (latinica)‎ • ‎čeština • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎ქართული

Download here this page as pdf file

Во оваа сесија ќе научите како да одржите мисиски настан во домот на Личноста на Мирот користејќи кратки филмови и клипови од филмот ИСУС во присуство на мала група.(Римјани 1:16)


Поглед наназад (20-30 мин)

First third.jpg


[ЗАБЕЛЕШКА: Распоредете ги луѓето во групи од 4-6. Поделете им ги материјалите на учесниците.]

Молитва и Грижа
  • Назначете водач на малата група за да го олесните споделувањето.
  • Секоја група нека дискутира за нештата за кои се благодарни оваа недела.
  • Секоја личност нека сподели како се одвиваат работите во нејзиниот живот и нека сподели 1-2 молитвени потреби во својата група, а потоа нека се молат едни за други.

[ЗАБЕЛЕШКА: Ако некому му е потребна додатна помош, одредете време после состанокот за да помогнете.]

Прославете ја Верноста

  • Поттикнете ја послушноста кон Исус, но поради одговорност полна со љубов.
  • Назначете водачи на малите групи кои ќе им помогнат на членовите во споделувањето за тоа што се случувало додека Му верувале на Бог за нивните цели и „Јас ќе до тогаш“ изјави.
  • Прашајте дали некој сака да го сподели своето сведоштво пред целата група.

Претставување на Визијата

Претставете ја визијата за тоа кои можат да станат во Христос или што Бог може да направи преку нив.


    • На пример:

Додека Исус одеше низ сите гратчиња и села, ги гледаше потребите на луѓето и сочувствуваше со нив. Тој им рече на своите ученици, „Жетвата е голема, но работници се малку. Затоа, молете Го Господарот на жетвата , да испрати работници на полето.“ Бог сака сите луѓе да Го познаваат Него и Неговата љубов. Тој не само што сака да нè употреби, туку ќе подигне уште повеќе работници и од жетвата што ние ќе ја пожнееме. Да продолжиме да бараме од Господа да испрати уште повеќе работници кои ќе ги водат луѓето до спознанието за Него.


Поглед нагоре (60 мин)

Second third.jpg

Преод

Оваа недела, ќе разговараме за втората околина во која може да се споделува Евангелието. Споделување во домот на Личноста на Мирот.

Активност #1 Демонстрација на Споделувањето на Евангелието во Група

[ЗАБЕЛЕШКА: Изберете 2-3 видео клипови од листата на материјали кои би можеле да ги употребите во оваа демонстрација]

  • Демонстрирајте како се употребуваат филмови за поттикнување на духовни дискусии.
    • Употребете ги кратките филмови и клиповите од филмот ИСУС кои воведуваат во разговор за духовни теми
    • После секој клип, прашајте ја големата група:

Што најмногу ви се допадна? Зошто?

  • Демонстрирајте како се преминува кон покана за молитва.
    • Некој нека ја раскаже својата лична приказна.
    • Демонстрирајте завршно кажување на евангелието и давање на можност за молитва за примање на Христос.
      • Опција 1: Користејќи ја книшката Четири Духовни Закони, објаснете ги двата круга и водете ја молитвата.
      • Опција 2: Прикажете го завршниот евангелизаторски клип од филмот Исус.
  • Одржете сесија со прашања и одговори за мисискиот настан.
    • Дискутирајте како да ја предизвикате Личноста на Мирот да биде домаќин на настанот.
    • Дискутирајте за тоа кои кратки филмови и клипови од филмот Исус би биле соодветни за тој настан. Изберете 1-2 кратки филмови и 1-2 клипови од филмот Исус кои би ги употребиле на настанот.

Активност #2 Одржување на Мисиски Настан

На сите учесници поделете им ги предложените упатства Одржување на Мисиски Настан: Материјалите употребени во оваа лекција можат да се најдат на : mc2.miraheze.org

  • Посебно означете ги важните делови од упатството ...
    • Поттикнете обострана комуникација преку поставувањето на двете прашања:

Што најмногу ти се допадна? Зошто?

    • Дајте можност за молитва.
    • Овозможете начин на кој луѓето ќе можат да го покажат својот одговор.
    • Обезбедете јасен начин за понатамошен контакт со луѓето заинтересирани за духовните нешта.
    • Употребете ги Мрежната листа и евангелизаторските алатки за новоповеруваните.

Резиме

Успехот во сведочењето е едноставно превземањето на иницијативата да се сподели Христос во силата на Светиот Дух и резултатите да Му се препуштат на Бог.

А што ако некој каже „да“ на повикот да стане следбеник на Исус во текот на настанот? Што би требало да направиме? Запомнете, ова е МНОГУ важен чекор кој ни помага да видиме умножување. Можеби ќе биде тешко да се поразговара со нив за време или после завршувањето на настанот. Но, МНОГУ е важно да ги исконтактирате во рамките на првите два дена! Сретнете се со нив и направете го следново:

1. Разгледајте ја заеднички Четирите Духовни Закони или некоја друга евангелизаторска алатка, особено двата круга и страниците кои следат потоа.

2. Прашајте ги: „Кои други луѓе имаат потреба да го слушнат ова?“ Нека напишат имиња на 5 пријатели и членови на фамилијата со кои можат да го споделат евангелието.[Обавезно дајте им примероци од книшката или инсталирајте ја апликацијата.]

3. Кажете им дека сакате да им помогнете во растењето во нивната нова врска со Исус и поканете ги да започнат да ја проучуваат Библијата заедно со другите кои поверувале во Исус за време на настанот

4. Молете се за нивната нова врска со Исус пред да заминете.

Поглед нанапред (20-30 мин)

Third third.jpg

Подготовка за Мисијата
  • Учесниците нека изберат партнер и нека го вежбаат одржувањето на мисискиот настан.
    • Одлучете кои кратки филмови и филмски клипови ќе ги употребувате.
    • Вклучете го и кажувањето на Евангелието, покана до луѓето да поверуваат во Исус и што треба да се прави кога некој ќе реши да поверува во Исус.
  • Повторно разгледајте го предложеното сценарио за разговор со Личностите на Мирот во врска со одржувањето на настанот со нив како домаќини.
  • Повторно разгледајте го состанокот во врска со текот на настанот.
Одење во Мисија
  • Одредете кои Личности на Мирот ќе ги поканите да бидат домаќини на мисискиот настан.
  • Поканете на настанот луѓе од вашата и од мрежата на врски на Личноста на Мирот.
  • Напишете „Јас ќе _____ до ____“ изјави и споделете ги со вашата мала група.
  • Одредете време и сретнете се со вашиот еден со-друг партнер за да го направите финалното планирање за настанот. Договорете се за улогите и технологијата која ќе ја користите.
Молитва за Мисијата