MC2 09FN Прославување & Испраќање

From mc2
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page MC2 09FN Celebration and Commissioning and the translation is 100% complete.
Other languages:
English • ‎hrvatski • ‎polski • ‎română • ‎shqip • ‎srpski (latinica)‎ • ‎čeština • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎ქართული

Download here this page as pdf file

Во оваа сесија, ќе бидете охрабрени од она што го прави Бог и предизвикани да продолжите да се стремите кон умножувањето на црквите и мисиските заедници. Верноста на учесниците ќе биде прославена со доделување на сертификати за учество.


Поглед наназад (20-30 мин)

First third.jpg


[ЗАБЕЛЕШКА: Распоредете ги луѓето во групи од по 4-6 за оваа сесија. Поделете им ги материјалите на учесниците.]

Молитва и Грижа

  • Назначете водач на малата група за да го олесните споделувањето.
  • Секоја група дискутира за тоа што е благодарно за оваа недела.
  • Секоја личност нека сподели како се одвиваат работите во нејзиниот живот и нека сподели 1-2 молитвени потреби во својата група, а потоа нека се молат едни за други.

[ЗАБЕЛЕШКА: Ако некому му е потребна додатна помош, одредете време после состанокот за да помогнете.]

Прославете ја Верноста

  • Поттикнете ја послушноста кон Исус, но поради одговорност полна со љубов.
  • Назначете водачи на малите групи кои ќе им помогнат на членовите во споделувањето за тоа што се случувало додека Му верувале на Бог за нивните цели и „Јас ќе до тогаш“ изјави.
  • Прашајте дали некој сака да го сподели своето сведоштво пред целата група.

Претставување на Визијата

Претставете ја визијата за тоа кои можат да станат во Христос или што Бог може да направи преку нив.


    • На пример:

Напорно работевте и Му верувавте на Бог додека правевте чекори на вера и им служевте на луѓето околу вас. Веројатно веќе сте се почувствувале исто како и учениците на Исус кога биле испраќани во за нив непознатите села во Галилеја. Денес сме собрани тука за да размислиме за делото и да го прославиме сето она што го направи Бог. Ајде да се потсетиме што им кажа Исус на своите ученици кога тие го прославуваа делото кое Бог го направи преку нив. „А седумдесетте се вратија со радост и рекоа: „Господи, и нечистите духови ни се покоруваат во Твое име.“ А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото, како молња! Ете, ви давам власт да газите на змии и на скорпии и над секоја непријателска сила, и ништо нема да ви напакости. Но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, туку радувајте се, дека вашите имиња се запишани на небесата!““ (Лука 10:17-20)Додека го признаваме Божјото дело извршено преку нас, да се потсетиме на мудрите зборови на Исус кои ни помагаат на сите овие нешта да гледаме од вистинската перспектива!


Поглед нагоре (60 мин)

Second third.jpg


Активност #1 Споделување на најважните Нешта

  • Побарајте доброволци кои ќе ги раскажат најважните нешта за нив од оваа обука.

• Одвојте време за заедно да Му се поклонувате на Господа и да се молите за новите верници.

Активност #2 Признанија и Прославување

  • Оддајте им признание на сите кои продолжиле со MC2 и стигнале до крајот на сесиите. Потврдете ги успехот и верноста на сите учесници. Некои од областите за кои треба да се оддаде признание се:
    • Практикувањето на Молитва-Грижа-Споделување со другите и водењето на луѓето до Христос
    • Препознавањето на Личностите на Мирот
    • Одржувањето на нивниот Мисиски Настан
  • Поделете ги сертификатите на оние кои го постигнале посакуваниот резултат на MC2 така што основале група од нови верници. (Примањето на MC2 сертификат значи дека некој успешно започнал да се умножува основајќи група од нови верници. Почитувајте ги културолошките карактеристики на поднебјето во врска со начинот на делење на сертификатите. Не сакаме луѓето да се почувствуваат непријатно или засрамено, но сакаме да го зачуваме стандардот за тоа што претставуваат овие сертификати.)

Активност #3 Што е следно?

  • Повторно споделете ја визијата за умножување на цркви и мисиски заедници.
  • Објаснете кои ќе бидат следните чекори за оние кои основале мали групи од нови верници
    • Ќе биде понудена додатна обука за назначување и развој на водачи.
    • Одредете датум и време кога ќе се одржи обуката.
  • Охрабрете ги оние кои сеуште не основале група, да продолжат да ги досегнуваат луѓето и да им служат. Покажете им дека ќе ја имаат на располагање сета неопходна помош кога ќе бидат подготвени.


Поглед нанапред (20-30 мин)

Third third.jpg

Подготовка за Мисијата

  • Вежбајте ги Основните Библиски Проучувања или било која вештина која ви е потребна за да им помогнете на учесниците да се стекнат со самодоверба за следните чекори кои ќе ги превземат
    • Потсетете ги сите каде можат да се најдат целокупните материјали: bit.ly/mc2-4me

Одење во Мисија

  • Одредете 5 луѓе кон кои ќе пројавите иницијатива за да им послужите оваа недела.
  • Напишете „Јас ќе _____ до ____“ изјави.
  • Одредете време и сретнете се со вашиот еден со-друг партнер.

Молитва за Мисијата

Посветете ги целите на сите кои се вклучени на Господа. Замолете го Господ да ни помогне да бидеме верни и да нè употреби да започнеме движење на создавачи на ученици.